Финансии 10.02.2019 15:42

По големиот пад, вредноста на криптовалутите почна да расте

По големиот пад, вредноста на криптовалутите почна да расте

Пазарот на криптовалути доживеа неочекуван пресврт и ги изненади дури и аналитичарите. Вредноста на најголемите криптовалути – bitcoin, ethereum и litecoin, порасна ненадејно и продолжува да бележи раст.

Litecoin, кој често се опишува како сребрена криптовалута, доживеа најголем пораст, зголемувајќи ја својата вредност за повеќе од 30% во само неколку часа.

Овој пораст е најголем во 2019 година и доаѓа изненадувачки, по неколку месеци на константен пад на вредноста на сите криптовалути.

Bitcoin скоро седум недели бележеше постојан губиток на вредност, пред неочекуваниот пресврт да му донесе пораст од повеќе од 200 долари за еден токен во само 24 часа. Во еден период од само половина час, вредноста на bitcoin се искачи за дополнителни сто долари.

Позитивната насока на движење на вредноста на криптовалутите ќе биде големо олеснување за инвеститорите на пазарот, кои сведочеа постојано опаѓање на вредноста на сите криптовалути откако bitcoin го забележа најголемиот пораст досега и во крајот на 2017 година чинеше околу 20.000 долари за еден токен.