Актуелно 16.02.2019 20:57

По изборот за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се огласи на Фејсбук: Одиме на заедничка голема победа, за Македонија!

По изборот за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се огласи на Фејсбук: Одиме на заедничка голема победа, за Македонија!

По изборот на ВМРО-ДПМНЕ на професорката Гордана Силјановска Давкова за кандидат за претседател на државата за претстојните избори што ќе се одржат на 21 април годинава, лидерот на партијата Христијан Мицкоски се огласи на Фејсбук.

-Честито професорке! Одиме на заедничка голема победа, обединети и силни. За Македонија!, напиша Мицкоски на Фејсбук.