Компании,Мозаик 26.11.2018 22:29

По стапките на Нисан и Мицубиши го избрка својот претседател

По стапките на Нисан и Мицубиши го избрка својот претседател

„Мицубиши Моторс“ тргна по стапките на „Нисан“ и го избрка својот претседател Карлос Госн.

Одборот на јапонскиот производител на автомобили во понеделникот гласаше да го избрка Госн, кој минатата недела беше уапсен во Токио под сомнение за финансиски проневери додека служеше како претседател на „Нисан“.

Тој беше отстранет од одборот на компанијата во четвртокот.

„Мицубиши“ изјави дека одлуката на нејзиниот одбор била едногласна и дека извршниот директор Осаму Масуко е назначен за привремен претседател.

„Одлуката беше агонизирачка“, изјави Масуко. „Приоритет ни беше да ја заштитиме компанијата, да ги заштитиме вработените и нивните семејства. Тоа беше неизбежна одлука“.

Госн останува претседател на Рено, но францускиот произведувач на автомобили побара од некои луѓе во компанијата привремено да ја извршуваат оваа функција.