World cofee research, глобална консултантска организација којашто ги обединува произведувачите и трговците на кафе, во својот годишен извештај предупредува дека побарувачката за кафе може да се удвои до 2050 година.
Според нивните податоци, од 1990 година потрошувачката на кафе константно расте за 2,1%, што значи дека со тоа темпо во 2050 година, ќе бидат потребни 298 милиони вреќи кафе за да се задоволат потребите на пазарот, а тоа е двојно повеќе од сегашната побарувачка.
Од друга страна, проценките се дека површините засадени со кафе лесно може да се преполоват во следните триесет години, пред се, заради климатските промени.
Уште минатата година е забележан пад на светското производство на кафе, поради намаленото производство во Бразил. Американското министерсво за земјоделство проценува дека годинава на пазарот ќе има 600.000 вреќи кафе помалку отколку лани, односно вкупната бројка би била околу 152.400.000 вреќи кафе од по 60 килограми.