Актуелно 08.07.2018 12:15

Почна акцијата за извлекување на 12-те деца заробени во пештера во Тајланд

Почна акцијата за извлекување на 12-те деца заробени во пештера во Тајланд

18 нуркачи влегоа во пештерата во обид да ги извлечат момчиња, кои веќе 15 дена се заробени во пештера во Тајланд. Според локалните власти велат дека временските услови денеска се најдобри за да ја започнат акцијата со оглед на тоа дека во следните неколку дена се најавуваат силни врнежи од дожд.

Првото дете се очекува да биде извадено на површината околу 21 часот по локално време. Сепак, градоначалникот на провинцијата предупреди дека операцијата нема „временско ограничување“ и дека таа може да трае и неколку дена, или да биде сопрена  во секој момент.

Тајландската Влада објави графички приказ кој детално опишува како секое од децата заглавени во пештерата ќе биде спасено.

Двајца нуркачи ќе следат секое од децата, а момчињата ќе носат маски за лице и ќе бидат водени нив премините со јаже. Кога ќе дојдат до исклучително ниски тунели, нуркачите ќе го тргнат резервоарот со кислород од грб и полека ќе го префрлат додека ги наведуваат момчињата каде да поминат.

Тоа значи дека децата во ниту еден момент нема да останат сами, што беше една од најголемите грижи.

Потоа ќе се оди низ комората 3 која е исушена, до влезот на пештерата во која влегоа на 23 јуни.

Децата ќе бидат поделени во четири групи. Се наведува дека во првата ќе има 4 лица, додека во следните 3 групи ќе има по три лица. Тренерот ќе биде во последната група.