Актуелно 03.08.2018 12:07

Почна изградбата на голем дел од ѕидот на границата со Мексико

Почна изградбата на голем дел од ѕидот на границата со Мексико

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека почна изградбата на голем дел од ѕидот на границата со Мексико.

– Ќе имаме фантастична безбедност на границите што ќе го вклучат ѕидот. Многу луѓе сè уште не знаат дека веќе почнавме да градиме ѕид. Имаме 1,6 милијарди долари и почнавме да градиме големи делови од ѕидот – изјави  Трамп за „Фокс њуз“.

Инаку, Трамп се закани со блокада на федералната влада ако демократите во Конгресот одбијат да ги поддржат барањата на неговата администрација за безбедност и ѕид на границата со Мексико.