Актуелно 23.04.2018 14:30

Покачување на цената на горивата по покачување на акцизата – Дизелот се покачил за 18 % во првата недела од април 2018 споредено со лани

Покачување на цената на горивата по покачување на акцизата – Дизелот се покачил за 18 % во првата недела од април 2018 споредено со лани

Владата лани донесе одлука за покачување на акцизата на дизелот и таа стапи на сила од 1 јануари 2018 година.

Според експертите оваа мерка на владата не е добра и е на грбот на граѓаните. Имено, зголемувањето на акцизата за нафтени деривати ќе се одрази за зголемување на основните трошоци на животот на граѓаните.

Станува збор за производ чија побарувачка не е еластична, а нафтените деривати се производ без кој не се може во секојдневниот живот.

Највеќе на удар според експертите  ќе бидат земјоделците, таксистите, авто превозниците, транспортните компании, но зголемен трошок ќе се одрази и преку покачување на цената на чинење на други производи кои се за широка потрошувачка, а преку кој стопанствениците ќе сакаат да го надокнадат зголемиот трошок за нафтени деривати. Домино ефектот е неминовен.

Со ваквата мерка државата ќе ги полни дупките во буџетот. Имено, се проценува дека со покачување од 3 денари на акцизата во буџетот ќе се влејат 26 милиони евра плус 5 милиони евра од ДДВ.

 

Така во првата недела од месец април цената на Еуродизелот БС (Д-Е-V) изнесувал 59, 00 денари додека во истиот период минатата година односно 2017 година изнесувал 50 денари . Тоа значи големо покачување од 9 денари или за цели 18 %. Исто така сите други горива бележат покачување споредено со истиот период лани така мазутот се покачил од 25 денари на 28 денари или за цели 12 % ,екстра лесното масло за 21,7 % додека ЕУРОСУПЕР БС – 98 од 67 на 69 или за 2,9 % и ЕУРОСУПЕР БС 95 од 65 денари на 67, 50 денари што е за 3, 8 % повисоко.

Цени на горивата по покачување на акцизата
02.04.2018
Тип на гориво Цена Покачување во %
ЕУРОСУПЕР БС- 95 67,50 3,8 % ↗
ЕУРОСУПЕР БС- 98 69,00 2,9 %↗
ЕУРОДИЗЕЛ БС(Д- Е- V) 59,00 18% ↗
EКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 47,50 21,7 %↗
МАЗУТ 28,00 12 % ↗
Цени на горивата пред покачување на акцизата
03.04.2017
Тип на гориво Цена
ЕУРОСУПЕР БС- 95 65,00
ЕУРОСУПЕР БС- 98 67,00
ЕУРОДИЗЕЛ БС(Д- Е- V) 50,00
EКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 39,00
МАЗУТ 25,00

Исто така има покачување на сите горива за втората недела од април 2018 споредено со истиот период 2017 освен на ЕУРОСУПЕР БС 98 каде цената е иста и е видливо од табелата.

 

Цени на горивата пред покачување на акцизата
16.04.2018
Тип на гориво Цена Покачување во %
ЕУРОСУПЕР БС- 95 68,00 0,7 % ↗
ЕУРОСУПЕР БС- 98 69,50 0%
ЕУРОДИЗЕЛ БС(Д- Е- V) 60,00 14,2 %↗
EКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 48,50 18,2 % ↗
МАЗУТ 28,720 3,8 % ↗
Цени на горивата пред покачување на акцизата
18.04.2017
Тип на гориво Цена
ЕУРОСУПЕР БС- 95 67,50
ЕУРОСУПЕР БС- 98 69,50
ЕУРОДИЗЕЛ БС(Д- Е- V) 52,50
EКСТРА ЛЕСНО 1(ЕЛ-1) 41,00
МАЗУТ 27,00

Овие покачувања влијаат врз стандардот на граѓаните. Со ваквите покачувања граѓаните мораат да одвојат повеќе пари од својот џеб а со тоа додатно осиромашуваат. Голем дел од експертската јавност кажа дека оваа мерка е една од најнекреативните за полнење на буџетот и дека владата треба да смисли друга алтернатива за полнење на дупките без тоа да мораат да го трпат граѓаните.