Економија 07.05.2018 10:39

Покачувањето на цените на горивата ќе влијае врз цените на стоките и услугите – Граѓаните се повеќе осиромашуваат

Покачувањето на цените на горивата ќе влијае врз цените на стоките и услугите – Граѓаните се повеќе осиромашуваат

Економската логика кажува дека главен генератор за покачување на цените на производите претставува покачувањето на цената на горивата .

Поскапувањето на цената на нафтата како енергенс сигурно ќе ги принуди производителите да реагираат затоа што тоа директно влијае врз формирањето на цената на производот и спаѓаат во групата на директни трошоци кое го потврдува погоре кажаното.Најчуствителното во сето ова е што растот на цените на горивата најповеќе би влијаел и ќе влијае на покачувањето на цените на прехрамбените производи што е основен стимулатор за намалување на стандардот на граѓаните .

Значи ако се направи подетална анализа врз општата состојба на граѓаните во однос на нивниот стандард и трошоците за потрошувачката кошница ќе се заклучи дека сега ке требаат повеќе средства со покачувањето на цените на горивата.Платите во Р Македонија споредени со платите во опкружувањето заостануваат а цената на горивата одат нагоре.

Учеството на горивата во вкупната потрошувачка  изгледа вака – Во 2015 год Дизелот учествуваше со 63,64 %  а цената беше во 01  2015 год. 51,00 ден. А бензинот БС 98 со учествуваче со 12,70 %  и со цена од 62,50 ден.

Во 2016 година Потрошувачката на дизелот беше застапена во однос на целокупната потрошувачка со 64,31 % а неговата цена во 01  2016 год. беше 53,50 ден.Бензините со 11,67 % учество во вкупната потрошувачка а цената на бензинот БС 98 во 01  2016 година  изнесуваше 42,50 ден .

Моментално  цената на Дизелот е 62,00 денари а на Бензинот БС 98 71,50 денари .

Тоа покажува дека покачувањето на цените на горивата огромно  ќе влијае на порастот на цените на сите производи а со тоа ќе влијае на стандардот на граѓаните кој е во постојан пад .

Новата влада ветуваше дека ќе го зголеми стандардот на граѓаните и ќе донесе 30.000 денари плата но нипто од ова не се исполни , напротив давачките растат даноците исто така, цените на основните производи се покачуваат нагло. Според експертите сопствениците на фирмите сеуште до крај го немаат вкалкулирано трошокот од покачување на горивата и покачувањето на акацизата што ја донесе како мерка оваа влада и сметаат дека поскапувачката спирала допрва ќе го зема својот замав.

Со ваквата политика додатно се осиромашува сиромашното население додека постепено се уништува средната класа.