Ескалацијата на кинеско-американскиот трговски конфликт може да доведе до повторување на големите катастрофи од 20 век, предупреди еден кинески пратеник, пренесе „Раша тудеј“. И американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно се закани дека ќе ѝ удри уште една шлаканица на Кина со дополнителни тарифи.
Само неколку дена пред да се сретнат кинескиот и американскиот лидер на маргините од самитот на Г20 во Аргентина, кинескиот пратеник во САД издаде застрашувачко предупредување против понатамошната ескалација на трговскиот конфликт што би можело да ја наруши симбиозата на двете најголеми светски економии и целосно осакатување на глобалната трговија.
„Не знам дали луѓето навистина ги сфаќаат можните последици – негативното влијание ако постои такво раздвојување”, изјави амбасадорот Кју Тианкаи за „Ројтерс“, истакнувајќи дека понатамошната ескалација може повторно да ги креира тешките економски услови што еднаш доведоа до Втората светска војна.
„Лекциите од минатото сè уште се тука. Во изминатиот век имавме две светски војни и меѓу нив голема депресија. Мислам дека никој не треба да се обидува да ја повтори историјата. Овие работи не треба никогаш повеќе да се случат повторно, што значи дека луѓето треба да се однесуваат одговорно“, потенцираше Тианкаи.
Трамп повтори дека дополнителните тарифи за 267 милијарди долари вредната кинеска стока се подготвени да се воведат. Тој нагласи дека останува на својот цврст став да го затвори масивниот трговски дефицит со Кина.
„Единствениот договор што би бил навистина прифатлив за мене – освен што очигледно мораме да сториме нешто за кражбата на интелектуалната сопственост, но единствениот договор ќе биде Кина да ја отвори својата земја за конкуренција од САД “, додаде Тианкаи.