Времето попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни поизразени процеси со интензивен пороен дожд и силен ветер, особено во југоисточните и источните делови, информираат од Управата за хидрометеолошки работи.
Пороен дожд и грмежи денеска се очекуваат и во Скопската котлина. Максималната температура ќе достигне до 34 степени, а УВ индексот ќе биде 7.
Од утре следува период на стабилно време.
До петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер и со пониски дневни температури. За време на викендот ќе биде сончево и значително потопло.
Од недела кон крајот на денот и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Температурата ќе се движи од 10 до 32 степени, а во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 29 степени