Мозаик 25.09.2018 16:09

ПОПУЛАРНА ИСХРАНА: Ги топи маснотиите кај жените

ПОПУЛАРНА ИСХРАНА: Ги топи маснотиите кај жените

Брачен пар од Америка уште од 1975 година востановија бројни здравствени придобивки од медитеранската диета, која уште оттогаш им се препорачува на луѓето со срцеви заболувања. Помалку е познато дали постојат разлики во неговата примена кај мажите и жените.

Утврдено е дека го намалува ризикот од мозочен удар кај жените на возраст над 40 години кои се хранат медитерански, но ова не влијае и кај мажите.

Повеќето претходни студии го испитуваа ризикот од кардиоваскуларни болести, а не го испитувале ризикот од мозочен удар.

Традиционалната медитеранска исхрана е развиена во Грција и клучните компоненти се добро познати: маслиново масло како главен извор на масти, висок внес на риба, овошје и зеленчук, ореви и мешунки, ниска конзумација на месо и млеко и со умерено консумирање алкохол.

Храната што се користи во медитеранската исхрана е различна во зависност од тоа дали живеете на медитеранот или во друга земја. Во тоа е разликата во внесот на хранливи материи.

Овие разлики можат исто така да влијаат на ризикот од болести.

Затоа, ризикот од болест во различни земји може да биде различен во зависност од видот на медитеранската исхрана.

Оваа студија го испитуваше ризикот од мозочен удар кај луѓето во Велика Британија.

Прегледани се дневници за исхрана на 23.232 луѓе на возраст од 40 до 77 години, во Норфолк во Обединетото Кралство. Измерени им се нивоата на холестерол и крвниот притисок и собрани податоци кои влијаат на ризикот од мозочен удар, како што се дијабетес и пушењето.

Во 17-годишниот период на следење, 2.009 лица имале мозочен удар. Беше заклучено дека жените имаат најмногу корист од медитеранската исхрана. Ризикот од мозочен удар кај нив е намален за 22 проценти.

Ова значи дека ако 14 жени на 10.000 луѓе имаат ризик од мозочен удар, ќе се намали на 11 жени на 10.000 и три животи ќе бидат спасени.

Од друга страна, пак, немаше статистички значајно намалување на ризикот од мозочен удар кај мажите кои се придржуваа до медитеранскиот начин на исхрана.