Актуелно 06.10.2018 11:44

Поранешен припадник на УЧК вработен во контрола на летање: Од џебот на граѓаните месечно ќе зема 1000 евра

Поранешен припадник на УЧК вработен во контрола на летање: Од џебот на граѓаните месечно ќе зема 1000 евра

Поранешниот припадник на УЧК,  Абедин Зимбери го вработиле во државната институција, во која се делат убедливо највисоки плати, пренесе „Лидер“.

На неговиот Фејсбук профил, тој се пофали дека е вработен во контрола на летање (М-Нав).

Зимбери има завршено факултет за физичка култура и нема никаква квалификација за оваа институција, која се занимава со контрола на воздушниот простор во Република Македонија и е позната по екстремно високите плати.

-Економски Лидер се обиде да стапи во контакт со М-Нав, од каде сакавме да побараме одговор на која позиција е вработен поранешниот терорист на УЧК во нивната институција, но од таму нема одговор. Од контрола на летање не одговараат колкава му е платата на Зимбери, но од наши извори дознаваме дека се работи за плата од над 1000 евра (60.000 денари). Инаку во оваа институција од скоро работи и екс генералот од војната во 2001 Стојанче Ангелов, па можеби поранешниот терорист и поранешниот бранител да делат иста канцеларија, анализира порталот.

Тие учествуваа во заеднички ТВ дуели. Од дуелот право во контрола на летање!