Живот 21.06.2018 14:20

ПОСКАПИ ПОНУДИ ОД СОСЕДИТЕ: Како туристички агенции прават пари од аранжманите за летување?

ПОСКАПИ ПОНУДИ ОД СОСЕДИТЕ: Како туристички агенции прават пари од аранжманите за летување?

Спорот со името, новите воведени туристички такси и поскапи цени од почетокот на годинава кај јужниот сосед не се пречка Македонците и ова лето да ги изберат грчките плажи за сончање. Сепак во последните неколку години она што ја револтира јавноста а и туристите од Македонија е дека се повеќе од домашните агенции нудат поскапи аранжмани.

Ако ги споредиме цените со туристичките агенции во соседна Србија доаѓаме до заклучокот дека тие нудат поевтини аранжмани во истото место и тоа за три дена повеќе.

 

Полихроно

Ако летувате со туристичката агенција „Сама Холидеј“ на првиот крак во грчкиот град Полихроно во Вила “НУЛИС“  која се наоѓа во централниот дел на Полихроно, на оддалеченост од само 100 м. од плажа за 7 ноќевања од 7 до 14 јули во апартман 1/3 ќе треба да платите 340 евра + 20 евра за превоз за возрасни а за деца превозот е 10 евра. Во таа цена според наведеното ви следува сопствена мини кујна, тоалет, балкон-тераса, ТВ и клима уред.

Плус имате доплата за туристичка такса од 1 еур по соба од ден што се плаќа на лице место.