Бесим Камбери од гостиварското село Сенокос е четвртата жртва од тешката сообраќајка кај Карпалак, чие име е објавено во јавноста.
Неговата фотографија и информациите за погреб се објавени на официјалната страница на селото на „Фејсбук“.
Деветнаесетгодишниот Онур Садику е еден од загинатите во превртениот автобус на Дурмо Турс, кој вчера излета од патот Скопје-Тетово, објави „Република“.
Погребот на момчето ќе се одржи денеска.
Досега е потврдено дека во превртениот автобус животот го загубија и Јовица Трпевски, Зоран Давидоски.