Бројни невистини и погрешни информации се брифираат од провладините кругови во однос на тоа каде запнале преговорите околу референдумот.
Настојувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, било да се почитува Уставот и Законот за референдум каде се налага прашањето да биде јасно и еднозначно, со цел граѓаните да не се доведат во заблуда.
Прашањето кое било предложено од ВМРО- ДПМНЕ гласело: „Вашиот став за договорот кој го потпишаа МНР Никола Димитров од името на владата на РМ и МНР Никос Коцијас од името на Владата на РГ на 17 јуни 2018 година во Псарадес (Нивици)“.
Во игра како компромис било предложено да се одржат истовремено два референдуми (што дозволува Уставот) и на вториот референдум прашањето би било: „Вашиот став за политичката одлука за членство на РМ во ЕУ“, каде за разлика од првото прашање на првиот референдум каде треба да се исполнат два комулативни услови (50% плус еден од запишаните избирачи да излезат, од кој повеќе од 50% од нив треба да гласаат ЗА), условот да биде успешен вториот референдумот за ЕУ е потребно да излезат повеќе од половина од запишаните избирачи и истите да гласаат ЗА прашањето односно да гласаат потврдно повеќе од 910 илјади.
На тој начин пред граѓаните би биле поставени две едносмислени прашања на два различни референдуми кои би се одржале истовремено и би се запазил Уставот, но и прашањето нема да биде повеќесмислено.
Ова од премиерот Зоран Заев било одбиено- тој инсистирал на сложено прашање.