Живот 14.11.2018 18:21

Пред нас е кинеската година на земјената свиња: Очекувајте напредок, среќа и одлични можности

Пред нас е кинеската година на земјената свиња: Очекувајте напредок, среќа и одлични можности

Пред нас е кинеската нова година во знакот на земјената свиња, што најчесто се поврзува со напредокот, прогресот, среќата и добрите шанси. Новата кинеска година почнува на 5 февруари 2019 година и завршува на 24 јануари 2020 година. Свињата е последниот, односно 12-от знак од кинескиот зодијак и кога таа владее, ни отвора одлично време за инвестиции, подобрување на финансиите и успех на професионално поле.

Оваа година ќе претставува крај на еден голем циклус и затоа сега е вистинското време за заокружување на старите проекти и правење нови планови за иднината. 2019 година според кинескиот хороскоп ќе биде исполнета со среќа, љубов и оптимизам за сите знакови во зодијакот. Успехот ќе се чувствува на сите полиња од животот.

Кинеската година на земјената свиња ќе биде одлично време да ставите крај на сите врски, и љубовни и пријателски, што ја трошат вашата енергија и ве полнат со негативност. Ослободете се од сите оние нешта што ве влечат наназад и ќе почувствувате паѓање на огромниот товар од вашите рамена. Ова ќе ве освежи и ќе ви помогне да ги остварите сите соништа во 2019 година.

Исчистете ги сите нечистотии во вашиот живот. Избегнете ја самотијата и изолацијата. Наполнете ја сопствената енергија така што ќе се опкружите со позитивни луѓе – сите оние што се лојални, весели и што се радуваат на вашите успеси.

Исто така бидете што е можно поактивни, и искористете ги сите можности што ќе ви се пружат. Годината на земјената свиња носи урамнотежена енергија, па ако сакате најдобро да ја впиете нејзината моќ, носете повеќе црвено-бели модни комбинации и внесете ги овие бои во вашиот дневен и работен простор.

Црвената боја е симбол на огнениот елемент што ја претставува љубовта, среќата и оптимизмот, а белата ѝ припаѓа на металниот елемент што се однесува на мирот, хармонијата, чистотата и слободата. Облеката, накитот и декорациите во овие бои ќе ви помогнат да најдете мир и хармонија во секој аспект од вашиот живот. Сепак избегнувајте да користите црвен паричник, бидејќи постојат големи шанси да не задржите пари во него.

Бидете умерени во консумирањето храна и пијалаци, за да избегнете акумулирање на несакани килограми. Хранете се здраво доколку сакате да ја зачувате одличната форма и доброто здравје. И не заборавајте да бидете физички активни, и да се занимавате со каков било спорт. Оваа година важно е и да бидете креативни и да го тренирате вашиот мозок, за да можете да го одржувате и вашето психолошко здравје.

Годината на земјената свиња особено ќе им одговара на оние што се родени во 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995 и 2007 година.