Мозаик 19.06.2018 11:41

Предбрачен договор – тренд или потреба, прво на нотар, а потоа пред матичар

Предбрачен договор – тренд или потреба, прво на нотар, а потоа пред матичар

Предбрачен договор… Некогаш гледавме само на филм, а денеска стануваат реалност се повеќе во Македонија. Тренд или пак потреба…

Пред матичарот се заколнуваат на вечна љубов, а пред судот потпишуваат предбрачни договори.

Адвокати откриваат дека Македонците ретко се одлучуваат за поделба на имотот пред бракот и на тоа да стават судски параф, најверојатно поради традиционалните вредности и патријархалните размислување.

Со предбрачниот договор се смета дека двајцата партнери заедно еднакво придонеле за стекнување на имотот. Во предбрачниот договор може да се вброи сé што поседува секој од партнерите: станбени објекти, пари, автомобили, сефови…

Еве еден интресен предлог на предбрачен договор: 

Со љубов, твојот иден маж:

  • Името на синот му го давам јас. На ќерката можеш ти, ама секако сите ќе ја викаме „сине“.
  • Мир и тишина за време на фудбал е од витално значење за мирот и тишината во куќата. Во овој период забрането е движење на другарки низ домот затоа што произведуваат поголема галама отколку стадион со 100.000 навивачи.
  • Гледање серии е дозволено само кога се репризите, меѓу 2 и 5 часот наутро по средноевропско време. Тон не е дозволен.
  • Телефонските одговори ако траат помалку од 10 минути, се одвиваат во просторија во која јас во тој момент не егзистирам. Ако се подолги од 10 минути, се одржуваат на тераса.
  • Гаќите и чорапите ќе ги соберам утре, а трошките ќе бидат избришани покасно.
  • Две ракии пред ручек и едно пиво после ручек се традиционален ритуал во моето семејство и како такви се неизоставни. Две пива пред спиење не е ритуал, но исто така се неизоставни.
  • Ручек правиш ти. Гаќи переш ти. Ти пеглаш. Ти ја чистиш куќата. Јас цепам дрва, отварам тегли, убивам бубачки и претепувам потенцијални крадци. Можеме да се замениме ако мислиш дека ти можеш да совладаш пијаница што дошол да ни го украде бојлерот.
  • Пушењето во домот е дозволено и пожелно во неограничени количини и во сите простории.
  • Инцидент од типот твоите родители на гости, може да се случи само на роденден.
  • Сексуалните односи не се практикуваат почесто од три пати неделно. Кога децата ќе тргнат во школо, само кога ќе донесат петка на писмена. Кога ќе тргнат на факултет, само на денот кога ќе дипломираат.