Живот 27.09.2018 09:10

Престани да им угодуваш на другите

Престани да им угодуваш на другите

Животот започнува тогаш кога ќе престанеш да им се прилагодуваш на другите, па, не си угодуваш секогаш ниту себе си.

Во почетокот мислиш дека тоа нешто ќе ти донесе, со текот на времето и се навикнуваш на тоа, но на крајот сфаќаш дека со тоа само се губиш себе. Го губиш своето “јас” за да задоволиш илјадници други кои никогаш нема да ти се отворат, кои никогаш нема да направат за тебе она што ти би направил за нив. Кога ќе влезеш во тој маѓепсан круг, на крајот сфаќаш дека си врзан за размислувањето на другите, згора на тоа, зависиш од него.

Животот започнува дури тогаш кога ќе престанеш да им угодуваш на другите. Во почетокот мислиш дека луѓето се грижат за тебе, но со текот на времето, тие луѓе со своето однесување покажуваат колку навистина им е грижа за тебе. Ти си ги губиш своите соништа, бидејќи мора да се прилагодуваш на нивните соништа, ги губиш своите изворни чувства, затоа што не смееш да ги повредиш нивните, го губиш така својот став, затоа што не можеш да се спротивставиш на нивниот, а потоа на крајот се прашуваш зошто си незадоволен и несреќен.

Животот започнува дури тогаш кога ќе престанеш да се прилагодуваш на другите. Но, за да го сториш тоа, понекогаш поминува половина живот, додека да ја разбереш оваа едноставна вистина, и се прашуваш зошто порано не си ја разбрал. Можеби си мислел дека тоа го правиш затоа што си човек со големо срце, па треба да им помагаш на другите, но на крајот сфаќаш дека помагањето не значи исполнување на нечии побарувања и сите видови желби, и дека тоа што на другиот му го правиш е сосема сеедно, па ако не сакаш ти ќе побара нова жртва.

Треба еднаш да почнеш да се гледаш себе, да размислуваш од перспектива на сопственото срце. Дури кога ќе почнеш да се почитуваш себе, ќе можеш да го почитуваш другиот. Најди ја својата среќа во можностите кои ти ги нуди животот ,и овозможи си шанса секој ден да започнеш одново без оглед на тоа колку си направил грешки вчера. Не мораш да ги задржиш сите луѓе во својот живот, само задржи ја својата уникатност и оригиналност, и вистинските ќе останат со тебе.