Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска претпладне во Македонија, а веќе попладне се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и северните планински делови.
Дневните температури ќе се движат од 29 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје слично време со услови за дожд и грмежи и температура до 34-тиот степен.
Нестабилно со дожд и грмежи ќе биде и утре, а од среда се очекува стабилизирање на времето.