Актуелно,Живот 20.08.2018 11:56

Претпладне сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Претпладне сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Сончево време со мала до умерена облачност ќе преовладува денеска претпладне во Македонија, а веќе попладне се очекува локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и северните планински делови.

Дневните  температури ќе се движат од 29 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје слично време со услови за дожд и грмежи и температура до 34-тиот степен.

Нестабилно со дожд и грмежи ќе биде и утре, а од среда се очекува стабилизирање на времето.