Мозаик 18.09.2018 01:14

Претприемачите во Хрватска се против зимско и летно сметање на времето

Претприемачите во Хрватска се против зимско и летно сметање на времето

Речиси 90% од претприемачите во Хрватска се изјасниле против летно и зимско сметање на времето, односно поместување на стрелките на часовникот за еден час. Според стражувањето на хрватската стопанска комора повеќето од нив или над 60% од испитаниците, се повеќе за летно сметање на времето, додека само 32% одбрале зимско.

Анкетата била спроведена на пример од 567 учесници. Од нив дури 84% одговориле дека имале лошо искуство поради менувањето на времето пишува Jutarnji.hr. Аргументи за укинување на летното и зимско сметање на времето се првенствено здравјето, заштеда на енергија и функционирање на меѓународниот пазар.

Европската Унија неодамна спроведе едно вакво истражување во коешто учествуваа 4,6 милиони граѓани, од кои 84% не сакаат промена на сметањето на времето. Како резултат на ова Европската комисија даде предлог следната година да се укине полугодишното менување на часовникот, а земјите членки сами да одберат дали би сакале да останат на летно или зимско сметање на времето.