Сочувство од Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по големата трагедија која ја потресе цела земја:
„Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево. Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените им посакувам што побрзо закрепнување“-напиша Иванов.