Актуелно 10.12.2018 18:53

Претставник на „Жолтите елеци“ открива: Состанокот траеше 4 часа, Макрон само слушаше

Претставник на „Жолтите елеци“ открива: Состанокот траеше 4 часа, Макрон само слушаше

Емануел Макрон не откри ништо за што ќе зборува во обраќањето на нацијата, изјавија учесници на состанокот во француското претседателство.

Тие ова го изјавиле непосредно пред очекуваниот говор на Макрон за решавањето на кризата со „Жолтите елеци“,  граѓанско движење кое повеќе дена протестира ширум Франција.

-Претседателот ништо не ни кажа за содржината на говорот, изјавил претставник на синдикатот Лорен Берже и додал дека на состанокот кој траел околу четири часа, Макрон само ги слушал соговорниците.

Францускиот претседател денес остварил средба со 37 лица од редовите на власта, локалната власт, синдикатот и парламентот.

Претседателот на парламентарниот одбор на владејачката партија изјавил дека Макрон ќе изложи елементи и перспектива за повторна изградба на нов француски модел, не наведувајќи детали.

Консултациите со претседателот се одржуваат во пресрет на неговиот говор закажан за 20 часот од Елисејската палата.

Француските медиумите оценуваат дека обраќањето на Макрон веројатно ќе биде негов најважен говор од почетокот на мандатот во мај 2017 година бидејќи мобилизацијата на „Жолтите елеци“ не стивнува и по привременото стопирање на зголемувањето на данокот на гориво.

Движењето кое спонтано настана на социјалните мрежи, од 17 ноември протестира поради најавеното зголемување на данокот на горивото. Подоцна протестите се претворија во општо незадоволство од политиките на Макрон