Според податоците на Државниот завод за статистика, во април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, се повисоки за 0.5 % на месечно ниво, а се пониски за 0.2 % на годишно ниво.
Во април 2018, во споредба со март 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Интермедијарни производи, освен енегија за 1.0 %, Енергија за 0.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.4 %, Капитални производи за 0.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.2 %.
Во април 2018, во споредба со април 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 6.9 %.