Финансии 01.02.2019 01:33

Профитот на Shell за 2018-та го достигна нивото од пред 4 години

Профитот на Shell за 2018-та го достигна нивото од пред 4 години

Профитот на нафтената компанија „Royal Dutch Shell“ забележа раст со 36% во 2018-та година до 21,4 милијарди долари – највисоката нејзината големина од 2014-та година.

Британско-холандската компанија исто така забележа и значителен пораст на генерираните готовински текови, соопштува „Ројтерс“.

„Го исполнивме ветувањето за годината, вклучувајќи го спроведувањето на програмата за продажба на имот во вредност од 30 милијарди долари и лансирање на клучни проекти насочени кон растот, додека во исто време ја одржуваме дисциплината на капиталните инвестиции“, изјави главниот извршен директор на компанијата Бен ван Бјорден.

Тој исто така вети дека компанијата ќе продолжи со дисциплинираниот пристап кон капиталните инвестиции и раст како на паричните текови, така и на враќање.

Профитот на „Shell“ за 2018-та година се зголемил за 36% до 21,4 милијарди долари, успевајќи да ги надмине прогнозите за 20,98 милијарди долари.

Во четвртиот квартал нето добивката, дистрибуирана меѓу акционерите, без трошоците за снабдување и утврдените ефекти, се зголемила за 32% до 5,69 милијарди долари. Оваа сума, исто така е над прогнозите за 5,28 милијарди долари.

Производството на нафта и гас во текот на годината е зголемена малку до 3,666 милиони барели нафтен еквивалент на ден, благодарение на новите нафтени полиња кои почнале со работа.

Паричните текови на компанијата од нејзината оперативна активност во четвртиот квартал порасна до 22 милијарди долари, поттикнати од движењето на работниот капитал вреден 9 милијарди долари, со што износот за годината станува 53 милијарди долари.

Слободниот готовински тек – средствата достапни за исплата на дивиденда и откуп на акции, се зголеми на 39,4 милијарди долари од 27,6 милијарди долари во 2017-та година.

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.