Економија 22.06.2018 11:46

Прогресивен данок за приходи над 1000 евра; ќе се даночат и каматите

Прогресивен данок за приходи над 1000 евра; ќе се даночат и каматите

Лавина реакции откако во јавноста неофицијално проструи драфт верзија на Законот за персонален данок. Даночната реформа на Владата предвдува граѓаните кои во текот на годината имале приход над 720.001 денари или над 1.000 евра месечно,да плаќаат персоналец од 18 отсто. Приходите остварени од интелектуална сопственост, закуп, капитална добивка, игри на среќа и осигурување ќе се оданочуваат со стапка од 15 отсто. Со данок од 15 отсто ќе се оданочуваат и каматите кои граѓаните ги добиле од заштеди во банки, а кои се над 15.000 денари годишно.

ДРАФТ ВЕРЗИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕРСОНАЛЕН ДАНОК:

Доход од работа, самостојна дејност, авторски и сродни права и продажба на сопствени земјоделски производи данокот да се плаќа со прогресивна стапка.
За годишен приход до 720.000 денари ќе се плаќа даночна стапка од 10%, а за износ од 720.001 денари ќе се плаќа даночна стапка од 18%.
За доход од права од интелектуална сопственост, закуп и подзакуп, капитал, капитални добивки, игри на среќа и осигурување ќе се плаќа данок по единствена стапка од 15%.
Даночна стапка од 15 отсто на депозити на граѓани и фирми на кои истите оствариле камата поголема од 15.000 денари на годишно ниво.
Додека јавноста реагираше, ниту министерството за финансии, ниту експертската јавност не сака официјално да коментира што се случува со даночната реформа која беше најавена во март годинава од министерот за финансии Драган Тевдовски. Од Финансии денеска ниту ги потврдија, ниту ги демантираа информациите од драфт веризјата на Законот.
Велат дека за нив ова се само шпекулации за кои нема да коментираат. Но, на потпрашање дали е точно напишаното или не, одговрија дека ниту го демантираат ниту дека го потврдуваат. Најавија дека наскоро ќе биде објавено законското решение за што ќе следи дебата во јавноста.

„Не коментираме шпекулации. Министерот за финансии ќе ги објави законските измени транспарентно кога ќе биде готова конечната верзија“, велат од Mинистерство за финансии.

Молчи и експертската јавност. Велат дека својот став ќе го кажат откако официјално ќе биде објавено законското решение. Сето друго за нив е само шпекулација за која не би коментирале.

Сепак според информациите на Алсат М, шпекулациите кои што се објавуваат во јавноста се доказ дека сеуште не е готова даночната реформа која што Министерството за финансии најави дека ќе биде објавена во мај. Неофицијални информации од Комисијата која што работи на даночната реформа велат дека сеуште нема конкретно решение каков прогресивен данок да се воведе. Имало повеќе предлози и решенија, но сеуште нема согласност од сите страни за тоа во која насока треба да се движи даночната реформа.Несогласувањата настанале откако податоците за реализација на бџетот покажуваат зголемени приходи, посебно од наплата на даноци.Министерот за финансии Драган Тевдовски вчера кажа дека има одлична реализација на приходите во буџетот, односно државната каса се полни согласно проекциите.Затоа според него не е потребен ниту ребаланс на буџетот.

 

Извор: Алсат

Најнови вести