Сончева диета – жолта боја за витка става
Сончевата диета не треба да трае повеќе од 8 дена, а за нејзиното времетраење можете да изгубите до четири килограми. Основно правило е да консумирате само жолти производи, како диња, банана, тиква, крушки, кашкавал и слично.
Алкална диета – препорака од холивудските ѕвезди
Алкалната диета е хит помеѓу холивудските ѕвезди, а се заснова на одржување рамнотежа во организмот на база на кисели продукти. Оваа диета не само што може да ви помогне да ослабете, туку го штити и здравјето. Суштината е во тоа што секојдневно, покрај оброкот, морате да внесувате и кисела храна, во сооднос 4:1, за да го постигнете посакуваниот баланс во организмот.
Лимон диета – експресно слабеење
Лимонската диета е вистинска бомба од витамин Ц, а со еднонеделно придржување можете да изгубите еден конфекциски број. Додадете 2 лажици сок од лимон во 30 децилитри вода заедно со две лажички јаворов сируп и малку чили. Овој сок пијте го во текот на целата недела, 5 пати дневно. Во текот на неделата не смеете да јадете ништо друго, а дополнително смеете да консумирате домашна супа од зеленчук и билни чаеви.
Диета со туна – 1,5 килограми помалку за само 3 дена
Оваа диета можа да ви помогне без голем напор да загубите 1,5 килограми за само 3 дена. Звучи одлично, зарем не? Диетата се држи 3 дена, а потоа треба да се јаде нормално. Секој ден се јаде по една порција туна, а дополнително можете да јадете салата и супа. Дозволени се и чајот, црното незасладено кафе и водата.
Банана диета – лесно и слатко
Потребно е секое утро да јадете една банана и да пиете чаша вода, а во текот на денот можете нормално да јадете. Додека трае диетата не смеете да консумирате алкохол, да јадете сладолед и други слатки работи. Исто така препорачливо е да пиете поголемо количество вода во текот на денот.