Мозаик 07.02.2019 17:34

Пролетни температури – проверете до кога

Пролетни температури – проверете до кога

По студениот и влажен бран следува период на стабилно, суво и сонцево време повремено со мала до умерена локална облачност. Убаво време ќе има и во текот на викендот.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на позначителен пораст па така максималните дневни за време на викендот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени, истите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината.

Нешто пониски температури ќе имаме наутро кога минималните температури на воздухот ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, токму големите температурни разлики лошо ќе влијааат врз здравјето на граѓаните, особено кај метеопатите, предупредува Славчо Поповски.