Што ви е потребно?
– 1 килограм цвекло
– 1 килограм морков
– 1 килограм јаболко
– 500 грама мед
Изрендајте ги сите состојки, ставете ги во еден сад, додадете го медот и промешајте. Смесата оставете ја да отстои 24 часа.
Потоа истиснете го сокот и процедете, можете да употребите најобична цедалка или медицинска газа.
Бидејќи од овој сок можете да пиете неограничено, сега ви останува само да уживате во него.