Мозаик 05.02.2019 20:08

Промена на времето – од утре снег

Промена на времето – од утре снег

Времето утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

Поради спуштање на постуден воздух, попладне и во вечерните часови врнежите ќе преминат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во опаѓање: Скопје 6, Охрид 7, Маврово и Берово 4, Битола 7, Крива Паланка 5, Кавадарци 9, Дојран 10 степени.