Актуелно 25.07.2018 11:51

Променливо облачно и нестабилно време со врнежи и грмежи

Променливо облачно и нестабилно време со врнежи и грмежи

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Дневната температура ќе се движи од 20 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со максимална дневна температура од 28 степени.

Во наредните денови дневната температура ќе биде малку под просекот за овој период од годината.