Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, попладне во западните делови со локални врнежи од дожд, а на планините од снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на дневната температура, особено во северните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
Под влијание на посвежа воздушна маса утре и во четврток ќе се задржи променливо облачно, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура дополнително ќе се намали за уште 3 до 4 степени во однос на денешната. Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст