Пред македонското Собрание денеска во 13 часот започна мирен протест во организација на група граѓани. Тие, како што велат за „Независен весник“, се загрижени за состојбата на воздухот и со овој протест сакаат да го искажат своето незадоволство загадениот воздух во земјава.
На протестот може да се видат транспаренти: „Наместо велосипед , купивме инхалатор“, „Ставете налепници на тешката индустрија“…
ФОТО: НЕЗАВИСЕН ВЕСНИК