Непознати лица ноќеска ги изрешетале вратите на хотелот „Александар Палас“. Од МВР го потврдуваат инцидентот, но повеќе детали најавуваат во текот на денот, пренесува порталот 24 Инфо.
Според неофицијални информации, инцидентот се случил половина час по полноќ. Тогаш кон влезната врата биле испукани седум или осум проектили. При тоа биле искршени стаклата, но нема повредени.
Напаѓачите најверојатно биле во автомобил со кој избегале.
Извор: 24 Инфо/Фото:Слободан Ѓуриќ