Економија 02.05.2018 10:37

Работниците протестираат, долгот на државата расте, идентитетот се продава, Заев се вози на мотор (фото)

Работниците протестираат, долгот на државата расте, идентитетот се продава, Заев се вози на мотор (фото)

Зоран Заев заедно со неговите пријатели моторџии вчера биле во неформална посета на Бигорскиот манастир, објави официјалниот портал на манастирот.

-Во празничното попладне од Неделата на раслабениот, во неформална посета на нашата Свештена Обител дојде Премиерот на Република Македонија, г. Зоран Заев, со група свои содружници. Во духот на манастирското гостољубие, ценетите гости беа топло пречекани од страна на Старецот и игумен на Манастирот, Архимандрит Партениј и монашкото братство. На кратката средба Премиерот имаше можност да се запознае со дел од историјата и мисионерската дејност на нашата Обител. Гостите го напуштија Манастирот со видно задоволство и ветување дека повторно ќе го посетат ова наше вековно духовно убежиште од суетниот свет, се вели во известувањето објавено на порталот на Бигорскиот манастир.

Премирот возеше моторцикл БМВ, од моделот K 1600 GT/GTL Excl, кој од застапниците во Македонија се продава по цена од 29.990 евра и важи за еден од најскапите и најексклузивни моторцикли на пазарот.

-Моторциклот кој што го користеше претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев не е во негова лична сопственост и поради тоа не е наведен во неговиот анкетен лист. Возилото е во сопственост на семејната компанија Тотал инжинеринг и за него се платени сите давачки во согласност со законите и прописите во Република Македонија. – изјави тогаш Бошњаковски.