Актуелно 26.03.2019 12:18

Рафајловски: Поради лошите политики на оваа влада има постојано иселување на граѓани од државата

Рафајловски: Поради лошите политики на оваа влада има постојано иселување на граѓани од државата

Во вчерашната емисија на ТВ24 Вести гостуваше Горан Рафајловски кој рече дека владата програмите не треба да ги прави демек многу се стручни во знаењето за каде треба да оди бизнисот и политиката, да беа толку стручни ќе останеа во бизнисот. Немаше да одат во политиката.

Вие имате постојано иселување на млади луѓе. Ако направите анкета во Гимназии и во Високо образование на млади луѓе, вие ќе дочекате апсолутен поразителен податок дека повеќе од 80% сакаат да ви се иселат од земјата. Вториот поразителен податок е дека сериозни луѓе кои овдека имаат по 40тина години и имаат бизнис си одат од земјата, ако не знаете. И третиот поразителен податок е луѓе што на моја возраст, дека над 50 години бараат back up во странство, ако ова ништо не бидне од оваа работа, па да има некаде кај старост да помине и некој бизнис да тера. Тоа вие ситуацијата сакале погледнете ја во очи, сакале не гледајте ја во очи, појасни Рафајловски.

Рафајловски истакна дека не постои вечна власт, такво нешто не постои.