Консултантот Горан Рафајловски за Сител вели дека со новите законски измени со кој Управата за јавни приходи ќе може кога сака да ги проверува банкарските сметки на граѓаните, истите ќе бидат „сомнителни“ за државата при секое примање на подарок во девизи од страна на нивни роднини што работат и живеат во развиените земји во странство.
– Примањето на пари од роднини од странство се семта за подарок и тоа не подлежи на даночниот систем. Но, откако ќе се воведат најавените измени, граѓаните ќе мора да објаснуваат од каде им се тие пари кога УЈП непречено ќе ги проверува. Тоа е цената што треба да се плати за укинувањето на даночните пријави. Проблематични ќе бидат средствата од родителите према децата што работат во странство. Или некои такви средства кои не припаѓаат на системот на оданочување. Луѓето ќе треба да ги докажуваат, дека тие приходи всушност се приходи од нивни блиски роднини кои се дадени како поклон. Тоа важи исклучиво за прво колено, сето останато се даночи, вели економистот Горан Рафајловски.
Со новите измени што ги најавува УЈП, практично се укинува „банкарската тајна“. Засега Управата за проверка на некоја сметка испраќа барање до одредената банка и податоцитете ги добива како одговор од таму. Во иднина УЈП ќе може самата да упаѓа во секое време во сметките непречено.
Граѓаните ќе ја добиваат Годишната даночна пријава од УЈП која ќе можат во целост да ја отфрлат, прифатат или да спорат одредени приходи кои сметаат дека не треба да бидат оданочени.
Целиот текст ТУКА