Економија 25.06.2018 10:12

Реципрочните трговски мерки на Европската унија против најавените царини на САД

Реципрочните трговски мерки на Европската унија против најавените царини на САД

Реципрочните трговски мерки на Европската унија против најавените царини на САД врз челик и алуминиум денеска стапија во сила. Царини се воведуваат за челикот, земјоделски и други производи, вклучувајќи ги и бурбонот, путер од кикирики, брусница и сок од портокал.

Европските царини генерално ќе бидат од околу 25 отсто. Списокот на производи претходно беше поднесен за проверка до Светската трговска организација.

– Унилатералната и неоправдана одлука на САД не ни остава друг избор. Правилата на меѓународната трговија не може да се нарушуваат без реакција од наша страна, изјави вчера еврокомесарка за трговија Сесилија Малстром.