Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија усвоија новa низа на рестриктивни мерки за ограничување на употребата и ширењето на хемиското оружје.
ЕУ сега ќе може да наметне санкции за лицата и субјектите вклучени во развојот и употребата на хемиското оружје насекаде, без оглед на нивната националност и локација.
„Рестриктивните мерки се во насока на лица или ентитети кои се директно одговорни за развој и употреба на хемиско оружје, како и оние кои обезбедуваат финансиска, техничка и материјална поддршка, оние кои им помагаат, поддржуваат или се поврзани со нив”, се вели во соопштението на Советот на ЕУ .
Санкциите се состојат од забрана за патување во ЕУ и замрзнување на средствата на лица и замрзнување на средствата на ентитетот. Покрај тоа, на лицата и субјектите во ЕУ им е забрането да даваат средства за санкции.
Советот на ЕУ, објасни дека оваа одлука придонесува кон напорите на ЕУ за спречување на ширењето и употреба на хемиско оружје, која „претставува сериозна закана за меѓународната безбедност”.