Инфлацијата во Русија во 2019-та година ќе се зголеми поради ризиците од нови санкции, послабата рубља и планираното зголемување на даноците, се наведува во објавената месечна анкетата на „Ројтерс“.
Растот на руската економија во последните години бил под средното ниво во светски рамки поради притисокот на слабата и нестабилна валута, падот на цените на нафтата и наметнатите санкции од ЕУ и САД од 2014-та година по анексијата на Крим.
Запленувањето на трите украински бродови од Русија во ноември доведе до повици за нови санкции против Москва. ЕУ одлучи да се воздржи од нови мерки, но се продолжија веќе постоечки до средината на 2019-та година. Тие се насочени првенствено против сектори на руската економија, како што се одбраната, енергијата и банките.
„Главните ризици се однесуваат на санкциите“, рече Олег Кузмин, водечки економист во „Renaissance Capital“.
Бруто домашниот производ пораснал за 1,7 проценти во 2018-та година и се очекува да се зголемувањето да се намали до 1,4 проценти во 2019-та година, се наведува во консензус прогнозата на 17-те аналитичари и економисти. Ова е според проценката на Светска банка за глобалниот економски раст од 3,1 отсто во 2018-та година.
Проектираното зголемување на ДДВ-то од 18 на 20 отсто се очекува да ја забрза потрошувачката на инфлацијата.
Централната банка мораше да ја намали каматата два пати во текот на втората половина на 2018-та година, како превентивен потег чија цел е да се избегне инфлацијата. Но, месечната анкета на „Ројтерс“ покажува дека аналитичарите очекуваат инфлацијата да ја надмине целта од 4 проценти и да се зголеми до 5 проценти до крајот на 2019-та година.
Очекувањата се дека во 2019-та година, Руската централна банка ќе ја задржи клучната стапка непроменета на 7,5 отсто, но прогнозите на аналитичарите се движат од 7,50 до 8,25 отсто.
Во 2019-та година, рубљата, исто така, ќе го почувствува притисокот од плановите на централната банка да продолжи со купување девизи за државните резерви.
Прогнозата е дека по една година курсот на рубљата во однос на доларот ќе биде 66,85 рубљи за долар и 76,50 рубљи во однос на еврото, според месечното истражување. Во ноемвриското истражување, овие вредности беа 65,50 и 78,00, соодветно.
Денес рубљата се тргуваше при курс 68,80 рубљи за долар и 78,29 рубљи за евро. Руската валута претрпе сериозни загуби во текот на изминатите неколку дена поради брзиот пад на цените на нафтата.