Актуелно 20.04.2018 11:14

Русија бара компензација од САД заради царинските давачки

Русија бара компензација од САД заради царинските давачки

Русија бара компензација од САД за својата одлука за воведување царински давачки за челик и алуминиум, според документите поднесени од Русија до Светската трговска организација.

САД тврдат дека воведувањето на тарифите се поради загриженоста за националната безбедност и дека тие не се во надлежност на СТО, но Русија, Кина, Индија и Европската унија силно се спротивставија на тоа, наведувајќи дека тие се “заштитни мерки”, што е причината зошто Вашингтон е должен да им плати надоместоци на клучните земји-извознички, објави Ројтерс.

САД, според британската агенција, се согласија да преговараат со Кина, а за Индија и ЕУ се вели дека се отворени “за преговори за ова или за кое било друго прашање”.