Економија 16.04.2018 22:02

Русија планира да го ограничи увозот на стоки и услуги од САД

Русија планира да го ограничи увозот на стоки и услуги од САД

Русија објави нацрт-закон со кој ќе одговори на американските санкции и со кој предлага забрана за увоз на американска стока и услуги, со што дополнително ќе ги ограничи економските врски меѓу двете земји.

Долниот дом на Парламентот ќе расправа за нацрт-законот следната недела. Со него се предлага ограничување на увозот на американски софтвери и земјоделски производи, лекови кои може да се набават од друга земја, цигари и алкохол.

Исто така, руските пратеници предлагаат прекин на соработката со САД на полето на атомската енергија, ракетните мотори и производството на авиони. Нацрт-законот предвидува и забрана на учество на американски фирми во приватизација на руски компании.