Русија планира реконструкција на националната инфраструктура што е неопходна за економски раст.
Околу 9.000 км автопатишта и магистрални патишта во Русија ќе бидат префрлени во заедничко сопствеништво до 2021 година. Трендот ќе продолжи и по 2021 година со дополнителни 8.300 км патишта кои ќе станат сопствеништво на сојузната влада.
Државните автопатишта обично имаат многу подобар квалитет во Русија, а пренесувањето сопствеништво ќе забрза нивна реконструкција и изградба, наведуваат властите.
Пресметките се дека таа мерка ќе зголеми удел на државните автопатишта за третина од сегашните 50.000 км. Во овој момент повеќе од половината регионални патишта имаат лош квалитет во Русија.
По победата на изборите оваа година, претсетаелот Владимир Путин вети дека до 2024 година ќе се потрошат 130 милијарди долари за патната инфраструктура. Според министерот за економски развој Максим Орешкин, проблемите со инфраструктурата претставуваат голем пад за руската економија.