Економија 02.07.2018 16:59

Русија поднела тужба во Светската трговска организација (СТО) против царините воведени од САД за челик и алуминиум

Русија поднела тужба во Светската трговска организација (СТО) против царините воведени од САД за челик и алуминиум

Русија, како што јави Итар-Тасс, исто така, побарала консултации со САД во рамки на СТО за порамнување на споровите, изјави Максим Орешкин, рускиот минитсер за економски развој.

-Русија поднесе тужба во СТО против американските дополнителни царини за челикик и алуминиум, а испрати и барање за консултации со САД како дел од процедурата на СТО за порамнување на спорови-изјави министерот.

САД ги воведе дополнителните царини до 25 проценти на 23 март годинава и се однесуваат за сите земји, освен за Австралија, Аргентина, Бразил и Јужна Кореа.

Орешкин додаде дека покрај Русија, претходно жалби пред СТО поднеле и Кина, Индија, ЕУ, Канада, Мексикјо и Норвешка.

Доколку процесот на консултации не супее,Русија ќе бара да се фромира арбитражна комисија, а премиерот Дмитриј Медведев најави и контрасанкции за САД.