Рускиот министер за економски развој Максим Орешкин најави дека Русија во најскоро време ќе воведе дополнителни царини на увозот на американските производи.
Тоа е одговор на американските царини на увозот на челик и алуминиум.
„Поради продолжувањето на дејството на американските заштитни мерки поврзани со увозот на челик и алуминиум и одбивањето да се надоместат руските загуби, Русија ќе ги искористи своите права согласно прописите на Светската трговска организација и ќе воведе контра-мерки за увоз на производи од САД“, рече Орешкин и додаде дека мерките наскоро ќе почне да се применуваат.
Според неговите зборови, мерките ќе се однесуваат на производи кои имаат еквивалент на рускиот пазар и нема негативно да се одразат на макроекономските показатели.