Русите, некогаш најбројните купувачи на црногорското приморје, сега сѐ почесто се нивни продавачи, велат од агенциите за недвижнини, јавува „Радио Слободна Европа“.
Причините, како што објаснуваат, се тоа што со нивната продажба во евра добиваат поголема вредност во руски рубли, но и во започнатиот процес на легализација на објектите во Црна Гора, по што расте интересот за продажба.
Истовремено се појавуваат нови купувачи од Турција до Скандинавија, а најголем интерес периодов има за Бока Которска.
Според податоците на Министерството за внатрешни работи во земјата, околу 4 500 државјани на Руската Фередација имаат привремено или постојано живеалиште во Црна Гора. Само во Будва, според општинските податоци, има околу 3 600 недвижнини во сопственост на Руси.
Најскапите недвижнини се во приморските градови и нивната цена зависи од повеќе фактори.
Во станбените населби Будва, Тиват и Котор квадрат чини од 1 500 до 5 000 евра, но има и поскапи локации, меѓу кои туристичките проекти Порто Монтенегро и Портонови каде квадрат достигнува од 8 000 до 12 000 евра