Актуелно 20.07.2018 18:48

Руско МО: Повеќе од 1,7 милиони бегалци наскоро се враќаат во Сирија

Руско МО: Повеќе од 1,7 милиони бегалци наскоро се враќаат во Сирија

Повеќе од 1,7 милиони сириски бегалци може во блиска иднина да се вратат во своите домови во Сирија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Оттаму додаваат дека во Вашингтон се испратени детални предлози за организирано враќање бегалци во Сирија по договорот меѓу претседателот Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Официјалниот претставник од Министерството, Михаил Мизинчев изјави дека Сирија ја напуштиле повеќе од 6,9 милиони луѓе од 2011 година, и тие се во 45 држави.