Мозаик 25.08.2018 11:03

“Ryanair” воведува промена која што нема да им се допадне на патниците: Со ова сакаме да ставиме крај на големиот проблем

“Ryanair” воведува промена која што нема да им се допадне на патниците: Со ова сакаме да ставиме крај на големиот проблем

Патниците отсега во кабината бесплатно ќе може да понесат само малечка торба или мал ранец кој што ќе може да се стави под седиштето.

Авионската компанија “Ryanair” соопшти дека од 1-ви ноември сите патници ќе мора да плаќаат за да го внесат својот рачен багаж во авионот. Досега патниците на оваа авиокомпанија можеа бесплатно да внесат и помал куфер, како и дополнителна мала торба.

Но, од нискобуџетната авиокомпанија соопштија дека од ноември патниците ќе мора да платат 6 евра по лице на патување доколку сакаат да понесат рачен багаж.

„Ќе може да го пријават и во багажниот простор на шалтерот пред летот (чек-ин), но и таа услуга ќе биде наплатена по осум евра во моментот на резервација“, соопштија од авиокомпанијата.

Компанијата во последните неколку месеци на чек-ин ги превземаше рачните куфери кои што патниците со себе ги понесуваа во кабината, па потоа истите ги префрлаа во просторот за багаж во трупот на авионот. Од “Ryanair” појаснија дека кабинскиот багаж го одземаат од патниците и го преместуваат со другиот багаж во трупот на авионот затоа што нема доволно место за сите мали куфери во кабината.

Но, таа политика за бесплатно примање на 120 куфери на шалтерите резултирала со доцнење на секој лет од отприлика 25 минути, тврдат од авиокомпанијата. За да стават крај на тој проблем, од компанијата порачаа дека од ноември нема бесплатно да примаат рачен багаж во авионите.

Најнови вести