Економија 24.07.2018 18:58

САД имаат најмоќна економија во светот со БДП по глава на жител

САД имаат најмоќна економија во светот со БДП по глава на жител

САД имаат технички најмоќна економија во светот со БДП по глава на жител од околу 60 000 долари.

Американските компании го предводат технолошкиот напредок во многу области: ИТ, фармација, медицина, авиоиндустрија и воена индустрија.

Како резултат на тоа, некогашната рурална земјоделска земја стана технолошки лидер во светот. Секторот на услуги значително зајакна во споредба со традиционалното производство. Масовното производство беше заменето со специјализирани индустрии. Флексибилната и висококвалификувана работна сила е еден од основните фактори за економскиот успех на земјата.

Американците силно веруваат во слободниот пазар. Економијата главно се определува од пазарните односи, односно од одлуките на приватни лица и компании. Американските компании уживаат пофлексибилна регулаторна рамка за бизнис од поголемиот дел од остатокот од светот во однос на работните односи, финансирањето и воведувањето на нови производи на пазарот.