Економија 17.09.2018 12:42

САД ќе воведат нови царини кон Кина

САД ќе воведат нови царини кон Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп планира најдоцна до утре да објави воведување на нови царини за увоз на кинески производи, тврди весникот „Волстрит џурнал“.

Весникот, повикувајќи се на „добро информирани извори“, наведува дека станува збор за царини во висина од околу 10 проценти.

Најавата за нови царини за кинеските стоки, доаѓаат откако Белата куќа ја покани Кина на преговори за спорот околу царините. Спорот започна со одлуката на САД да воведат царини за увоз на некои кинески производи, на што Кина одговори со воведување царини за американски стоки.

Целта на американската Администрација со воведувањето на царините беше да се придонесе за намалување на трговскиот дефицит на САД со Кина, кој изнесува 375 милијарди долари.